Насловна Колумни Ѓунер Исмаил Пастирот купува време

Пастирот купува време

Е-пошта Печати PDF
Ѓунер Исмаил

М.Д. пратеник во македонскиот парламент со неговата, за пратеник невообичаена, употреба на прстите, предизвика општа веселба, но и неверојатна лавина на осуда за состојбата на неговата морална, или што би се рекло според старинските узанси, домаќинска вертикала! Демек, човекот е фатен како се допишува со некоја (женска) особа Н., на тема: неговите и нејзините сексуални капацитети. Сретнав многумина кои беа згрозени од “однесувањето“ (!!) на пратеников, а на социјалните мрежи, таму барем не треба многу, настана урнебес. Седнал М.Д. во парламентот и со “прстите“ пишува смс-пораки, го фотографирале и човеков славен на сите пет континенти!! Па кој е Тој, која е Таа итн.

03.03.2012

Линк