Насловна Колумни Ѓунер Исмаил Секогаш кога десницата...

Секогаш кога десницата...

Е-пошта Печати PDF
Ѓунер Исмаил

… е на власт во Македонија, работите одат надолу! И не само во најблиското минато, како во годините 1998-2002. Не само денес кога бездната веќе се гледа.

Одсекогаш македонската десница ги “одработувала“, стоела зад сите највалкани, најгрозни работи кои му се случувале на овај народ. Долг е списокот на недела. Многу долг. Уште од времињата кога “десните“ (за себе милувале да зборуваат како за “патриоти“-Ви текнува нели?) по улиците, куќите, шумите безмилосно ги убивале сите оние(воглавно левичари, социјалисти), а кои пак се осмелиле да помислат дека борбата може да вроди со плод наречен слобода и дека е можна поинаква рецептура за создавање на држава, без притоа идната престолнина да биде Софија или Белград. Диригираните десничари камуфлирани во некакви борци за “некаква“ слобода, во нивниот крвав поход не се стеснувале од најгнасни сојузништва (така налагале нивните “газди“), а сето тоа само за “грст сребреници“!

Линк