Насловна Колумни Фросина Ременски „Џулија Робертс“ во случајот Љубе Бошкоски...

„Џулија Робертс“ во случајот Љубе Бошкоски...

Е-пошта Печати PDF
Фросина Ременски

По апсењата на осомничените во врска со убиството на Тушевски и Јанев во 2001 година, дел од осомничените се во притвор, а некои останаа недостапни за полицијата.

Се слушнаа повеќе верзии за настанот, за можните извршители, за можните помагачи, за можните нарачатели, но не и за институционалното (не)постапување цели единаесет години по убиството. Преовладува политичката конотација на случајот, заради фокусот на поранешниот министер за внатрешни работи-Бошковски. Познавачите на предистражната и истражната постапка имаат впечаток дека, постои поголема мотивираноста Бошковски да биде (на)товарен за се`што е поврзано со убиството, отколку да се направат посериозни активности за обезбедување на директните извршители на убиството кои можеби во постапката ќе посочат вмешаност и на други лица.

01.08.2012

http://www.sky.mk/stav/27775-