Насловна Колумни Фросина Ременски Горчливата реторика на слатката власт

Горчливата реторика на слатката власт

Е-пошта Печати PDF
Фросина Ременски

Кога започна реализацијата на проектот „Скопје 2014“ знаев дека во државава работите ќе тргнат наудолница.

Тука не мислав само на огромните пари кои (според нив), се одвојуваат за т.н., „капитални инвестиции“ од што допрва ќе не боли главата, а богами ќе ги боли и нашите деца; Не мислев, исто така и на штета што му се нанесува на нашиот неспорен македонски идентитет со барокната реидентификација како Антички Македонци и штетите во процесот на договарање за името како услов за се`.

Ова се прашања кои во постапка (кривична, дипломатска, политичка), ќе ги затвориме некако. Запрежната кола, натоварена со манипулации и подбуцнувања тргна наудолница и штетата што ја предизвика удирајќи во столбовите на националната безбедност (меѓуверската толеранција и меѓуетничките односи) и политичката стабилност, е она што треба да не` загрижува сите.

07.05.2012

http://www.sky.mk/stav/21526-Колумна-на-Фросина-Ременски-Горчливата-реторика-на-слатката-власт.html