Насловна Колумни Бранко Героски Не си ја засадивме иднината

Не си ја засадивме иднината

Е-пошта Печати PDF
Бранко Героски

Страшно! Скандалозно! Шокантно!

Граѓаните вчера одбија да ја засадат својата иднина. Им беше студено и влажно. Бесплатните автобуси останаа празни. Акцијата „Ден на дрвото“ доживеа фијаско.

Најреномираните светски медиуми, Франс прес, Ројтерс, Ксин хуан, Би-Би-Си и други, кои, како што се пофали владата, во изминатите години со восхит известу­ваа за акцијата, вчера оста­наа без веста на денот. Срамота!

29.11.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1114/Ne-si-ja-zasadivme-idninata