Насловна Колумни Бранко Героски Фатиле јатрвите за свекрвата

Фатиле јатрвите за свекрвата

Е-пошта Печати PDF
Бранко Героски

Во овие безмалку осум години, сум напишал стотици критички коментари за ликот и делото на премиерот Никола Груевски. Но, никогаш не сум го обвинил имотот што го поседува неговата мајка, становите во кои живее тој со своето семејство. Дури и обратно, ако нешто сум напишал и кажал на таа тема, било следново - не е нормално нашиот премиер да го крие својот придонес во стекнувањето на семејниот имот, чиј титулар е неговата мајка. Секогаш сум мислел дека тоа е една глупава манипулација (демек, еве колку ни е скромен премиерот, дури и бескуќник е човекот), а чинам дека во една прилика, додека ние двајцата се уште разговараме лице в лице, му го имам тоа кажано и нему.

02.11.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1073/Fatile-jatrvite-za-svekrvata