Насловна Колумни Бранко Героски Кој решава дали и каде изгрева Сонцето – Груевски или Заев?

Кој решава дали и каде изгрева Сонцето – Груевски или Заев?

Е-пошта Печати PDF
Бранко Героски

Кога пред некој ден, на насловната страница на „Слободен печат“, Никола Груевски го „насликавме“ како Кралот Сонце (Луј Четиринаесетти), поттикнати од онаа негова веќе легендарна изјава за Сонцето што ќе изгрее во декември „со или без датум“, помислив дека претеруваме. Не дека неговото височество не може да издржи критика во форма на една духовита фотомонтажа (патем речено, да не чуе ѓаволот, своевремено газда Велија ме смени од кормилото на „Шпиц“ баш после една таква фотомонтажа). Едноставно, си реков дека сепак не е можно опсесијата на нашиот Николуј со моќта да ја надминала нејзината планетарна димензија и да цели амбициозно кон пошироката околина, имено кон центарот на оваа констелација на небески тела чиј дел е и нашава планета на која сме приковани.

16.11.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1092/Koj-reshava-dali-i-kade-izgreva-Sonceto--Gruevski-ili-Zaev
Последно освежено на Вторник, 19 Ноември 2013 15:34