Земјата на слепите

Никола Гелевски

Груевизмот наликува на кошмар. Страшно е, ама уште пострашно е, во сонот - будењето. Очите треба да бидат цврсто затворени, за да се преживеат грдите и опасни слики. Како некаква посекотина која одбива да се претвори во лузна и од која постојано капе крв - тоа е груевизмот.

20.08.2013

http://okno.mk/node/30904
 

Приказни за името, грешките и непријателството

Никола Гелевски

Својата приказна „Југ“ Борхес ја завршува на фасцинантен начин кој, па, за Македонците што читаат може дополнително да биде морничав (а морничав е, многу, и без македонското прашање!) заради темата - драматичното прашање на името. Оваа случка која зборува за драматичноста на името Борхес во една пригода му ја раскажал и на Алберто Мангал. Расправајќи, значи, за „култот на храброста“, како што го нарекувал кодексот на однесувањето на уличните кавгаџии во Буенос Аирес на преминот меѓу 19-иот и 20-иот век, Борхес се потсетил дека некојси Сото, професионален боксер, од кафеџијата слушнал дека во градот дошол уште еден човек со истото име. Случајот сакал вториот Сото да биде кротител на лавови, член на патувачки циркус кој дошол во тие краишта за да одржи претстава. Сото влегол во кафеаната каде што се наоѓал и кротителот на лавови и го запрашал како се вика. „Сото“, одговорил кротителот на лавовите. „Единствениот Сото во градов сум јас“, рекол боксерот, „и затоа земи нож и излези надвор“. Престрашениот кротител на лавови немал друго освен да прифати да биде убиен поради кодексот за којшто ништо не знаел.

13.08.2013

http://www.okno.mk/node/30732
 

(Не)етичко известување: Дали медиумите влијаат на бројот на самоубиства?

Жарко Трајаноски

Новинар(к)ите треба да бидат свесни дека известувањето за случаи на самоубиство е комплексна задача која може да отвори многу етички дилеми и предизвици. Медиумите честопати се критикувани дека со давањето на преголем публицитет, или со сензационалистичкиот пристап, придонесуваат за зголемување на бројот на самоубиства. Кон новинар(к)ите се упатуваат и други критики: дека при известувањето за самоубиствата не покажуваат сочувство и ја експлоатираат човечката трагедија, дека ја вознемируваат јавноста, дека поттикнуваат стигма, дека неретко ја повредуваат приватноста и причинуваат дополнителна штета, и тн.

19.08.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/996/Neetichko-izvestuvanje-Dali-mediumite-vlijaat-na-brojot-na-samoubistva
 

Заев да понуди сопствен предлог, а не да брани туѓ ем никаков!

Бранко Героски

Не треба човек да е многу умен за да предвиди дека ќе врне, ако на небото гледа облаци. Во мојата минатонеделна колумна, прва во овој ценет весник, предвидов дека меѓународниот фактор лесно ќе го препознае блефот во драматичната најава на македонскиот премиер Никола Груевски, дека ќе побарал тој и неговиот грчки колега Самарас лично да ги водат преговорите за спорот за името. Ете, видовме што се случи по помпезно најавуваната средба на Самарас со американскиот претседател Барак Обама, за која овде, во Скопје, се ширеа бајки дека ја организирал Али Ахмети, за да извршел притисок врз Атина. Никаде ни збор за иницијативата на Груевски. Уште помалку збор на осуда за Грција, или пофалба за властите во Македонија.

17.08.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/993/Zaev-da-ponudi-sopstven-predlog-a-ne-da-brani-tugj-em-nikakov
 

Глувчешкиот скок на Никола Груевски

Бранко Героски

По победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2006 година, па сѐ до крајот на 2007 година, одржував нормални контакти со премиерот Никола Груевски. По негова волја, се разбира. Не беа тоа многу чести средби, но одвреме-навреме, тој ме канеше во својот кабинет во владата и сакаше лично да слушне како размислува за важните државни прашања неговиот најверен критичар меѓу новинарите. Ја почитував таа доблесна навика на човекот чие устоличување на чело на најголемата македонска партија, во битката со Љубчо Георгиевски, во 2003 година го поддржав и јас, како главен уредник на „Дневник“ (тоа и директно му го соопштив на Никола, на една наша средба на Матка, на која присуствуваа и Ганка Самоиловска Цветанова и нашите брачни партнери). На сите тие средби во владата, на кои најмногу го анализиравме спорот со Грција, јас со Груевски зборував отворено, искрено и без никакви калкулации. Впрочем, така како што и пишував.

10.08.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/989/Gluvcheshkiot-skok-na-Nikola-Gruevski
 

Дали РM прифатила конкретен предлог од Нимиц пред самитот на НАТО во Букурешт

Жарко Трајаноски

Дали Кабинетот на претседателот Ѓорѓи Иванов, сакајќи да демантира опозициски политичар и да се скрие зад игра на зборови, всушност, го демантираше претседателот Иванов и како медиумите (не) известија за ова.

06.08.2013

http://www.okno.mk/node/30548
 

Дали можат да се споредат Скопје по 63-та и „Скопје 2014“?

Никола Гелевски

Дали „проектот“ СК014 може да се споредува со (ре)изградбата на Скопје по земјотресот? Може, се разбира, но само на зезање, за подбив и мајтап. Та така, ако некој ве праша дали е инсинуација споредбата меѓу СК014 и СК063, можете ладно да одговорите: не, туку е инсвињуација. Скопје по 63-та и „Скопје 2014“ живеат во различни димензии, на повеќе рамништа: квантитативно, квалитативно, историски, културно, политички... Станува збор за два сосема диспаратни процеси; едниот е процес на изградба, просветителство, модернизација; другиот, СК014, е процес на разградба, на симулација и манипулација. Но, да тргнеме со ред, аргумент по аргумент.

06.08.2013

http://www.okno.mk/node/30556
 


Страница 11 од 74

 

Вкупно поддржувачи - 5428.
  • 216 преку веб сајтот.
  • 3628 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1408 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]