Говорот на омраза во „Јуришник“ и во другите изданија на Јулиус Штрајхер

Жарко Трајаноски

Во минатата статија го анализиравме судењето и одбраната на уредникот на нацистичкото списание „Јуришник“, осуден и погубен за злосторства против човештвото на Нирнбершките процеси. Сега ќе ги илустрираме пропагандните техники користени во публикациите на Штрајхер, кои систематски ги „инфицирале“ бројните читатели со омраза кон Евреите. Овие техники не само што поттикнувале структурна дискриминација и стигматизација, туку и физичко елиминирање на Евреите.

21.01.2014

http://okno.mk/node/34909
 

Во челуста на мртвата хиена

Никола Гелевски

Мојата издавачка куќа „Темплум“ е една од жртвите на криминалната и деструктивната владина политика во сферата на културата. Не велам дека „Темплум“ е маркирана и директна жртва на кабинетите на моќта; но, бидејќи груевизмот го уништи целокупното издаваштво во Македонија, јасно е дека и „Темплум“, како и многу други издавачи, дебело го окрка стапот не неодговорните и долгорочно опустошувачки политики.

21.01.2014

http://okno.mk/node/34913
 

Кон „дефиниција“ на „говор на омраза“: Студии на случај

Жарко Трајаноски

Двапати досега имав прилика на група новинар(к)и да им го поставам следново прашање: Дали ви е познато некој новинар да бил осуден на смрт заради своите објавени статии? И двапати добив негативен одговор. Но, на општо зачудување на новинар(к)ите, одговорот на ова прашање не е негативен. Јулиус Штрајхер – новинар, издавач и уредник – е осуден на смрт на Нирнбершките процеси во 1946 година најмногу заради неговите написи кои ги објавувал во неговото популарно издание „Јуришник“ („Der Stürmer“). Прашањето дали говорни чинови можат да претставуваат злосторство против човештвото повторно беше актуелизирано од страна на Меѓународниот кривичен суд за Руанда, кој донесе три осудителни пресуди против медиумски лидери во врска со поттикнување на геноцид.

15.01.2014

http://okno.mk/node/34736
 

Оштетство и неуро крем; репресија и инфантилност

Никола Гелевски

И порано сум пишувал: груевизмот е масовно политичко подетинување и заглупавување. Инфантилизацијата на општеството е најважната стратегија на актуелната македонска власт. Клучниот симбол на груевизмот, СК014, еманацијата на најпатолошките општествени регресии, токму е совршен пример за инфантилизација на општеството. Со помош на СК014 цела Македонија се претвора во Дизниленд, не само центарот на Скопје.

14.01.2014

http://okno.mk/node/34714
 

Журка без мене

Бранко Героски

Имам еден, за некого можеби банален, но за мене сериозен проблем, поради кој јас лично нема да го коментирам случајот на „милиончето“ на Ивона Талевска, што го отвори СДСМ. Некаде од 2009 до 2013 година, Талевска против мене водеше судски процес за клевета и навреда. Судот грубо ги одби сите мои обиди да ја докажам својата невиност во овој процес и пресуди во полза на Талевска. Пресудата, сепак, не се изврши, по сила на законот, поради декриминализирањето на овие дела.

13.01.2014

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1226/Zhurka-bez-mene
 

Груевски е најголемиот проект на Бучковски

Бранко Героски

Го читам Владо Бучковски позитивниот во „Дневник“ и просто не ми се верува. Се жали човекот дека Никола Груевски се фалел со неговите резултати, во периодот од декември 2004 до јули 2006 година, кога Буч беше премиер.

08.01.2014

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1215/Gruevski-e-najgolemiot-proekt-na-Buchkovski#channel=f83064bbb7676f&channel_path=%2Fmislenje%2F1215%2FGruevski-e-najgolemiot-proekt-na-Buchkovski%3Ffb_xd_fragment%23xd_sig%3Df3326ee2a87a20c%26&origin=http%3A%2F%2Fwww.plusinfo.mk
 

Мирка и Панде

Бранко Героски

Пред празниците, ме прашува еден пријател: Геро, ќе им одговориш на гуслариве од Аминта Трети? На Панде и на Мирка? И богами, се наострив да одговорам. Не поради сопствената суета, ниту поради тажниот факт што освен колегата Миле Јовановски, ниту еден друг од основачите и од лицата што ги прозвав не се одважи да одговори на небулозите дека „Дневник“ е формиран со полициски пари и со заговорнички намери.

07.01.2014

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1212/Mirka-i-Pande
 


Страница 2 од 74

 

Вкупно поддржувачи - 5428.
  • 216 преку веб сајтот.
  • 3628 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1408 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]