Куририте се здружија, ние лапаме муви по семинари!

Бранко Героски

Читам и слушам зајадливи коментари за новото здружение на провладините интернет портали. Како што е познато, новото здружение носи амбициозно име Асоцијација на интернет портали на Македонија, има амбициозни цели и во него членуваат порталите Курир, Прес 24, Нетпрес и уште седум други онлајн изданија, кои себеси, прилично нескромно, се самопрогласиле за најпопуларни и највлијателни.

01.09.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1008/Kuririte-se-zdruzhija-nie-lapame-muvi-po-seminari
 

Лајнени стапови за глинените војници

Никола Гелевски

Како што власта се консолидира и пореално ги запознава лостовите на моќта, така партискиот терор, од ден на ден, се засилува. Всушност, се засилува државниот терор, во еден (од некаде толку добро познат) систем каде што партијата е алфа и омега, т.е. мајка и маќеа на сите општествени процеси. Мајка е за малцинството перверзно лојални партиски војници, а маќеа е за сите други граѓани на државата, кои се принудени да го трпат теророт на партиските пљачкашки воени одреди (оти партијата на власт е во непрекината и беспоштедна борба за ресурси!).

29.08.2013

http://www.okno.mk/node/31173
 

Да се убие марионетата во себе

Никола Гелевски

Доаѓањето на режисерот Љубиша Георгиевски на чело на Собранието е еден од поинтересните настани во нашиот општествен живот. Од многу аспекти е интересно промовирањето на таа живописна фигура во втор политички човек во државава. Ќе се задржам само на дел од тие аспекти, во најголема мера поврзани со прашањето на интелектуалецот и на неговото место во општеството.

29.08.2013

http://www.okno.mk/node/31132
 

Паничен и несериозен предлог на Никола Груевски

Бранко Героски

Предлогот на премиерот Никола Груевски да се распишат предвремени избори за 13 октомври – па ако победел тој, ќе немало прекршување на Уставот на 24 декември лани, а ако победел СДСМ, ќе имало! – е паничен и крајно несериозен. Во моментов, јас не гледам како некој сериозен човек може да понуди сериозен одговор на еден ваков предлог. Но, бидејќи Груевски од уста не ги вади „порталите“, а и со оглед на тоа што јас и не се сметам себеси за претерано сериозен, еве, ќе се обидам да го скицирам единствениот можен одговор.

24.08.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1005/Panichen-i-neseriozen-predlog-na-Nikola-Gruevski
 

Политички кујни, пизма и фаст фуд

Бранко Героски

Деновиве во Скопје се проширија првите шпекулации за тоа кои би можеле да бидат кандидатите на двете најмоќни партии за претседателските избори, што треба да се одржат вгодина на пролет. Темата не е особено интересна, ниту пак значајна, сѐ додека зборуваме за „номинации“ што се производ на нашите локални политички кујни. Сепак, решив оваа сеирџиска, августовска прототема да ја искористам за да ви кажам неколку збора за два феномена, чие значење и влијание врз политичкиот процес неправедно се потценуваат. Првиот феномен се нашите локални политички кујни и нивните специјалитети, а вториот е чудниот, да не речам патолошки непријателски однос на нашиот народ кон политичарите и кон политиката воопшто.

24.08.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1003/Politichki-kujni-pizma-i-fast-fud
 

Како (не) треба да се известува за самоубиство: Воздржете се од сензационализам!

Жарко Трајаноски

Македонските медиуми известуваат за самоубиства секојдневно. Само во последниов месец пребарувачот Тајм.мк регистрира над 300 медиумски написи во кои се пишува за самоубиства во и вон Македонија, од кои повеќето ги содржат зборовите „самоубиство“ и „самоуби(л)“ во насловот. Во голем дел од овие написи се известува на сензационалистички начин, а не се почитуваат ни другите конкретни упатства за известување за самоубиство.

23.08.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1001/Kako-ne-treba-da-se-izvestuva-za-samoubistvo-Vozdrzhete-se-od-senzacionalizam
 

Груевски да се фокусира на одговорноста, а не да измислува заговори!

Бранко Героски

Премиерот Никола Груевски денеска, ден пред финишот на преговорите во комисијата што треба да ги расчисти дилемите околу ланскиот 24 декември, им посвети должно внимание на денешните написи на Плусинфо кои се однесуваат на работата на комисијата и на шансите таа да произведе објективен извештај. Во манирот на човек што е убеден дека странците мора да му скројат и опозиција по мерка, таква каква што тој посакува – мирна и послушна, тој дрско го предупреди СДСМ да се фокусира на решение на проблемот во комисијата, а не на манипулации во медиуми и на портали. Неговата изјава од струшкото село Бороец, е на прашање на новинар и се однесува на текст на Плусинфо.

22.08.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1000/Gruevski-da-se-fokusira-na-odgovornosta-a-ne-da-izmisluva-zagovori
 


Страница 10 од 74

 

Вкупно поддржувачи - 5428.
  • 216 преку веб сајтот.
  • 3628 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1408 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]