Лагите и заблудите за македонската независност

Бранко Героски

Многу поскромно од очекувањата, без најавената предизборна атмосфера и во очекување на новата балканска турнеја на американскиот дипломат Метју Нимиц, кој најавува нов предлог и притисок за окончување на спорот меѓу Скопје и Атина, минатата недела во Македонија ја прославивме 22-годишнината од независноста. Ефемерието на дневната политичка агенда и обидите на актуелната власт за ретуширање на нашата историја, резултираат со доминација на еден манипулативен поглед врз настаните од пред две децении. Новите бајки на груевистичката пропаганда, кои немаат врска со автентичната историска фабула, за жал, ги голтаат генерации млади луѓе, кои во годините за кои зборуваме одвај биле родени. Во исто време, ни недостасува и официјална историографска интерпретација на тој период, но и мемоарски книги на релевантни учесници и сведоци на настаните.

14.09.2013

http://plusinfo.mk/mislenje/1020/Lagite-i-zabludite-za-makedonskata-nezavisnost
 

Како медиумите произведоа марихуана

Жарко Трајаноски

Новинар(к)ите треба да бидат особено внимателни кога известуваат за полициски соопштенија во кои има конкретни обвинувања. Честопати, новинар(к)ите запаѓаат во стапицата да ги именуваат осомничените за кривични дела иако против нив сè уште не е покренато формално обвинение.

14.09.2013

http://okno.mk/node/31527
 

Манипулации со првачињата и наталитетот

Жарко Трајаноски

Етичката должност за критичко следење на политичките процеси подразбира критички однос кон аргументите на политичарите, особено ако истите не се засновани врз факти. За жал, новинарските гласила ја пропуштија можноста да послужат како платформа за јавна дебата заснована врз факти во врска со аргументацијата на министерот за образование дека трендот на намалување на првачињата е „резултат на намалениот наталитет“.

11.09.2013
http://okno.mk/node/31439
 

За Црвената Виена (и Црното Скопје)

Никола Гелевски

Во почетокот на 20 век Виена била фасцинантно место. Во тоа време таму живеат и творат повеќето од клучните интелектуални иноватори кои го одбележаа целиот бурен претстоен век - во музиката (Малер, Шенберг), филозофијата (Витгенштајн), литературата (Музил, Краус, Шницлер, Хофманстал), архитектурата (Лос, Вагнер, Зите), сликарството (Климт, Шиле, Кокошка) психоанализата (Фројд) итн. Денешниов текст зборува за Ото Бауер, член на неформалната група левичарски теоретичари кон која припаѓале некои од највлијателните политички мислители на 20 век.

10.09.2013

http://okno.mk/node/31431
 

Како (не) треба да се известува за самоубиство

Жарко Трајаноски

Во случаите кога има јавен интерес да се известува за самоубиство, новинар(к)ите треба да ја искористат можноста за едукација на јавноста и за разбивање на митовите и предрасудите. Притоа, самоубиството не треба да се претставува како резултат на еден настан или една причина. На пример, во текстот „За два дена две самоубиства“ претставено е самоубиство како резултат на еден „бизарен“ настан „…животот си го одзел најверојатно по една вообичаена семејна расправија за тоа дали таткото ќе му го даде автомобилот или не.“

04.09.2013

http://www.okno.mk/node/31266
 

Балкон

Никола Гелевски

„Балкон“, драмскиот текст на Жан Жене, е една од најпровокативните политички драми во 20 век. Текстот премиерно бил изведен во Лондон 1957 година, но во цензурирана форма. Во Франција дури во 1960 година - но одново во скратена форма - еден театар се осмелил да го постави текстот на сцена (тоа било можно поради доаѓањето на власт на Де Гол, во 1958 година, и на неговиот министер за култура, Андре Малро, кој дал дозвола и за Јонесковиот „Носорог“). Иако Жене не бил пожелен во Америка (три пати одбивале да му дадат виза во периодот 1965-1974), „Балкон“ била мошне успешна претстава на Оф-Бродвеј.

03.09.2013

http://www.okno.mk/node/31252
 

Возбудата на куририте

Бранко Героски

Со задоцнување, еве, решив да одговорам на дилемите и на нервозата што ги предизвика мојата колумна со наслов „Куририте се здружија, ние лапаме муви по семинари“, објавена пред три дена. При тоа, коментарите на некои исфрустрирани типчиња што размислуваат со „муда“ наместо со глава, нема да ги коментирам. Не заслужуваат. Еден пријател вака ме подучи – во секој автор, вели, лежи по еден епилептичар (обратно, во секој епилептичар не лежи автор). Затоа решив да ги игнорирам атаците на овие злобници, за да не го разбдуам „епилептичарот“ во себе.

03.09.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1009/Vozbudata-na-kuririte
 


Страница 9 од 74

 

Вкупно поддржувачи - 5428.
  • 216 преку веб сајтот.
  • 3628 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1408 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]