Краток филм за „февруарскиот поход“

Во периодот од 10-ти до 28-ми февруари, иницијаторите на движењето Граѓани за Европска Македонија на трибините во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Куманово, (Струга), Кичево, Дебар и Тетово се сретнаа и разговараа со граѓаните за состојбите и перспективите на Република Македонија. Филмот за „февруарскиот поход“ прикажува дел од тие разговори.

 

Скопје: Национализмот не смее да биде „ѕвезда водилка“ за младите во Македонија

Македонија мора да биде земја на граѓани кои живеат слободно и без страв. Таа мора да биде држава во која ќе владеат европските вредности и која ќе биде пристојно место за живеење на сегашните, но и на идните генерации.

Повеќе...
 

Реакција по повод информацијата на МВР – „По нарушувањето на јавниот ред и мир во Домот на културата во Струга: Прекршочни пријави против 10 лица“

Утрото по немилиот инцидент во Струга од 19.02.2009, тројца претставници од граѓанската иницијатива „Граѓани за Европска Македонија“ (Жарко Трајаноски, Бранко Героски, Владимир Милчин) го пријавија настанот во СВР Охрид. На приемот кај љубезниот охридски Комесар за јавен ред и мир го опишавме инцидентот и побаравме МВР да преземе соодветни мерки против насилниците. Укажавме дека неколку лица го спречија јавниот собир (седмиот дијалог со граѓаните што требаше да се одржи во Струга) упатувајќи сериозни закани за употреба на сила, како и клевети и навреди кон организаторите. На прашањето зошто не сме го пријавиле настанот во Струга, одговоривме дека не сме се чувствувале безбедно.

Повеќе...
 

Инцидент на трибината во Струга

In English: Struga debate incident

Вчера, во 17 часот, во Домот на културата во Струга, беше закажана трибина на нашата инцијатива Граѓани за европска Македонија. Дојдовме во Струга со добра волја и со искрена намера со стружани да поразговараме за европските перспективи на Македонија. Не пречекаа стотина граѓани од овој град, но и граѓани на Дебар и Охрид, кои дојдоа да учествуваат на трибината.

За жал, група од дваеесеттина присутни, дојдени со очигледна намера да го спречат нашиот дијалог со стружани и да предизвикаат инцидент, почнаа да се однесуваат насилно, брутално навредувајќи не и заканувајќи ни се дека од Струга жива глава нема да извлечеме. Да биде уште пострашно, инцидентот се закануваше да премине во вербална, а бездруго и физичка пресметка меѓу присутните. За атмосферата во која требаше да почне оваа трибина живо сведочат и видео-снимките што нашиот снимател успеа да ги сними, соочен со остри закани и притисоци.

Повеќе...
 


Страница 74 од 74

 

Вкупно поддржувачи - 5428.
  • 216 преку веб сајтот.
  • 3628 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1408 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]