Движењето Граѓани за Европска Македонија на трибина во Охрид

Граѓаните треба да живеат во реална демократија, а не во диктатура

VAN_0194Иницијаторите на Движењето Граѓани за Европска Македонија (Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Роберто Беличанец) и поддржувачите Ирена Стефоска и Дамјан Здравев, на 8 мај (петок), во салата на Советот на Општина Охрид, повеќе од два часа разговараа со граѓаните на Охрид за проблемите и перспективите на Македонија.

Повеќе...
 

ДВИЖЕЊЕТО ГРАЃАНИ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА!

Движењето „Граѓани за Европска Македонија“, по успешната реализација на „февруарскиот поход“, повторно е во АКЦИЈА.

Доколку сте загрижени за иднината на нашата татковина и доколку сакате да дискутирате за актуелните состојби и перспективи на Република Македонија на патот кон Европа, ве покануваме да присуствувате и активно да учествувате на серијата мајски трибини низ целата држава:

8 мај (петок),  ОХРИД, сала на општина Охрид, 18.30 часот
- 13 мај (среда), ГОСТИВАР, Центар за култура, 18.30 часот
- 15 мај (петок), РЕСЕН, сала на Општина Ресен, 18.30 часот
- 20 мај (среда), ГЕВГЕЛИЈА, Пионерски дом, 18.30 часот
- 22 мај (петок), БЕРОВО, сала на Општина Берово, 18.30 часот
- 27 мај (среда), КАВАДАРЦИ, сала на Општина Кавадарци, 18.30 часот
- 29 мај (петок), ВЕВЧАНИ, сала на Општина Вевчани, 18.30 часот

Трибините ги организира граѓанската иницијатива „Граѓани за Европска Македонија”, започната од страна на шестмина интелектуалци (Мерсељ Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец), кои го објавија „Манифестот за Европска Македонија”. Манифестот досега го поддржаа над 2000 граѓани кои сакаат Македонија што е можно побрзо да стане членка на Европската унија.

 

Граѓаните за Европска Македонија на трибина со амбасадорот Фуере

Владата мора да соработува со граѓанскиот сектор

22042009tribinaДвижењето Граѓани за Европска Македонија, денеска, со трибината на која учествуваше aмбасадорот на Европската унија, Ерван Фуере, во Скопје, го започна вториот дел од активностите посветени на европските перспективи на Македонија.

Амбасадорот Фуере, пред 400 граѓани и претставници на граѓанскиот сектор од Скопје, Кичево, Дебар, Струга, Струмица, Велес, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Битола и Ресен, истакна дека Македонија ќе добие препорака за датум за започнување на преговорите за влез во ЕУ доколку ги реализира поставените репери. „Без успешни реформи Македонија нема да има политичка стабилност, функционална демократија, професионална деполитизирана државна администрација и одржлив економски развој“, рече Фуере и нагласи дека не е важна брзината и квантитетот на донесените законски решенија, туку, нивниот квалитет и мерките за нивна реализација. Амбасадорот на ЕУ е свесен  за фактот дека македонските граѓани се исклучително посветени на идејата за Европска Македонија и затоа упати апел до Владата да ја поттикне и да ја поддржи јавната дебата за европските перспективи на државата. Во граѓанскиот сектор постои голема енергија и капацитет, кои доколку правилно се канализираат веќе утре може да ја внесат Македонија во ЕУ, констатира Фуере и ја потсети Владата дека Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор сеуште претставува само обичен лист хартија. Граѓанските иницијативи и натамошниот развој на граѓанскиот сектор се од исклучително значење за секоја функционална демократија и токму затоа, најави Фуере, ЕУ во наредниот период ќе издвои средства за поддршка на граѓанскиот активизам.  

Одговарајќи на бројните прашања од присутните граѓани, Фуере рече дека добрососедските односи треба да се негуваат и дека е можно решение за проблемот со името, а изрази и надеж дека македонските граѓани наскоро ќе патуваат во ЕУ без визи. Едновремено, Фуере нагласи дека кај македонските граѓани мора да се врати довербата во институциите на државата и заклучи дека секој обид за поткопување на независноста на Уставниот суд е исклучително опасен и недемократски чин.

 

ТРИБИНА: ГРАЃАНИТЕ ДЕБАТИРААТ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА

Граѓанската иницијатива „Граѓани за Европска Македонија” организира трибина со Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Ерван Фуере.

Трибината ќе се одржи во среда, 22 април 2009 година, во хотелот „Холидеј Ин”, сала Милениум, со почеток во 12 часот.

Идејата на оваа трибина е да поттикне интензивна граѓанска дебата за перспективите на Македонија во процесот на приближување кон Европската Унија и за улогата на граѓанското општество во забрзувањето на овој процес.

 

Невладините организации го осудија насилството врз студентите на скопскиот плоштад

„Насилниот исход на овој мирен протест претставува сериозна закана за демократските процеси во земјава“ е пораката што на вчерашната прес-конференција ја испратија група активисти за заштита на човековите права од десетина здруженија на граѓани.

На прес-конференцијата, одржана на 30 март 2009 во Културниот центар “Точка“, активистите за човекови права побараа од Министерството за внатрешни работи да поднесе кривични пријави против оние што во саботата на плоштад Македонија во Скопје физички ги нападнаа студентите од Архитектонски факултет. Студентите, на протестот „Прво архитектонско востание“ на 28 март 2009, бараа да не се гради црква меѓу ресторанот "Дал мет фу" и трговскиот центар "Сити галери".
Повеќе...
 

Соопштение

Драги Сограѓани,

crkvata_na_plostadВреме е за ПРВОТО АРХИТЕКТОНСКО ВОСТАНИЕ под мотото
НЕ ГО СИЛУВАЈТЕ СКОПЈЕ!
ВОСТАНИЕТО го иницираме, ние: ПРВА АРХИ БРИГАДА -студентите од Архитектонски факултет, поддржани од сите истомисленици и луѓе изреволтирани од неконтролираното разобличување на градот.
Целта на востанието е да ја кренеме јавната свест за несоодветната, нелогична и произволна поставеност на градежната парцела предвидена за верски објект – црква, која се наоѓа на пресекот на историската оска север-југ со новиот правец на ширење на градот, исток-запад.
ВОСТАНИЕТО ќе се случи на 28.03.2009 (сабота) во 12:00 часот, на плоштадот Македонија, на самата локација предвидена за изградба на објектот.
Периметарот на локацијата ќе биде дефиниран со жив ѕид, од страна на членовите на ПРВА АРХИ БРИГАДА. СИТЕ ШТО ЌЕ ДОЈДЕТЕ – ВЛЕЗЕТЕ ВО ОЗНАЧЕНИОТ ПРОСТОР И ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ЈА ИСПОЛНИМЕ СО ЛУЃЕ ЦЕЛАТА ПАРЦЕЛА!
Целта на ограничувањето и исполнувањето на парцелата е да се доловат нејзините реални димензии и негативното влијание што таа ќе го има на контекстот , односно на градскиот плоштад.
Организацијата на ВОСТАНИЕТО е во соработка со Прогресивен млад синдикат, група млади луѓе со кои делиме исти ставови – дека плоштадот во главниот град е јавен простор и дека тој подеднакво му припаѓа на секој граѓанин на Скопје.
ВРЕМЕ Е ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА БИДЕМЕ ПАСИВНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ОНА ШТО МУ СЕ СЛУЧУВА НА НАШИОТ ГРАД И ДА СТАНЕМЕ АКТИВНИ КРЕАТОРИ НА НЕГОВАТА ИДНИНА!
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ!
 

Видео клип за Џорџ Сорос и за неговите активности во Македонија

Што мислат грчките националисти за Сорос и за неговата поддршка за Макeдонија

 


Страница 73 од 74

 

Вкупно поддржувачи - 5428.
  • 216 преку веб сајтот.
  • 3628 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1408 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]