Соопштение

Почитувани граѓани од општина Центар,

Ве известуваме дека неформалните здруженија Граѓани за Европска Македонија и Плоштад Слобода ги собраа потребните 100 потписи на полнолетни жители на скопската општина Центар за граѓанската инициајтива за распишување референцум на кој жителите на оваа општина ќе се изјаснат дали се за или против изградба на црква, џамија и други верски објекти на плоштадот Македонија.

Иницијативата ќе биде поднесена до Советот на општина Центар најдоцна до 20 август, веднаш по враќањето на советниците од годишните одмори, во очекување Советот да одговори во законскиот рок.

И вие можете да ја поддржите иницијативата со својот потпис, почнувајќи од среда 12 август на следниве пунктови:

  • Културен центар Точка, секој работен ден и в сабота од 10 до 17 часот
  • Плоштад Македонија, секој работен ден од 18 до 21 часот
  • Кај фонтаната во Градски парк, в сабота и в недела, 16 и 17 август, од 10 до 14 часот.


Граѓани за Европска Македонија и Плоштад Слобода

Повеќе за иницијативата и за локациите за поддршка (.pdf 1.4MB)

 

 

Презентирање на резултати од истражување на јавно мислење


СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ


Почитувани,

“Плоштад Слобода” и “Граѓани за Европска Македонија” нарачаa теренско истражување на јавното мислење во однос на изградбата на верски објекти на плоштадот Македонија кое го спроведе “Брима Галуп”, со финансиска поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ). Истражувањето беше спроведено во периодот помеѓу 20-ти и 22-ри Јули врз репрезентативен примерок од 500 луѓе од Општина Центар со +/- 4% маргина на грешка. Според него, дури 70% од граѓаните во општината се против изградбата на било каков верски објект на централниот скопски плоштад, а дури 74% се против подарувањето на земјиштето на МПЦ и ИВЗ. Имајќи ги предвид овие податоци, двете здруженија се одлучија да покренат иницијатива за спроведување на референдум меѓу граѓаните на Општина Центар на кој тие самите ќе одлучат дали сакаат цркви, џамии и теќиња на плоштадот Македонија.

За таа цел, во наредните неколку дена ќе започнеме постапка за собирање на 8.800 потписи (20% од вкупниот број полнолетни граѓани во општината) потребни за задолжително распишување на референдум во општината Центар.

“Плоштад Слобода” и “Граѓани за Европска Македонија” ги повикуваат сите здруженија на граѓани, неформални групи и индивидуалци да им се придружат во собирањето на потписите и да ги поддржат во подоцнежните напори да ги убедат граѓаните на Општина Центар да гласаат “против” на референдумското прашање.


Плоштад Слобода
Граѓани за Европска Македонијa



Резултатите од истражувањето можат да се превземат овде
(.pdf 1.7MB)

Граѓаните/жители на општина Центар кои сакаат да дадат поддршка на оваа иницијатива тоа можат да го направат во деновите петок, сабота и недела (07, 08 и 09 август 2009) во просториите на Културен центар Точка (локација бул. Климент Охридски 15, Скопје, во блокот зад седиштето на МПЦ, спроти седиштето на Здружение на новинари) во период 19.00 - 21.00 часот.

Огласот на настанот во медиумите можете да го видите на линковите подолу:

 

Промоција на предлог државна стратегија за решавање на спорот со Република Грција во врска со името на Република Македонија

Predlog strategijaНа 17 јули 2009, во хотелот Холидеј Ин, пред претставниците на медиумите, Собранието, дипломатскиот кор, граѓанските организации и заинтересираната јавност, ФИООМ ја промовираше Предлог државна стратегија за решавање на спорот со Република Грција во врска со името на Република Македонија, од авторот Стојан Андов, пратеник на Либералната партија.
Повеќе...
 

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: Против молчењето

za-GEM-2 Иницијативата „Граѓани за Европска Македонија“ (ГЕМ), на прес-конференцијата која се одржа денеска, 13 јули 2009 година, го промовираше објавувањето на вториот манифест насловен „Против молчењето“.
Повеќе...
 

“Граѓани за Европска Македонија” на трибина во Прилеп

ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА БАРААТ ОСТВАРУВАЊЕ НА ВЕТЕНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

 

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 15 јуни 2009 година, иницијаторите на „Граѓани за Европска Македонија“ (Владимир Милчин, Жарко Трајаноски, Бранко Героски, Роберто Беличанец и Мерсел Биљали) заедно со Дамјан Здравев од „Плоштад слобода“ дебатираа со граѓаните за актуелните состојби и европските перспективи на државата.

Повеќе...
 

Движењето Граѓани за Европска Македонија на трибина во Крива Паланка

ПАТРИОТИЗАМ Е ДА СЕ ВЕРУВА ВО ЕВРОПСКАТА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА

VAN_1963На 10 јуни 2009, во салата на Советот на општината во Крива Паланка, иницијаторите на движењето Граѓани за Европска Македонија (Никола Гелевски, Жарко Трајаноски, Бранко Героски, Роберто Беличанец и Мерсел Биљали) заедно со Ирена Цветковиќ од „Плоштад слобода“ дебатираа со граѓаните на Крива Паланка, Кратово и Пробиштип за состојбите и европските перспективи на државата.
Повеќе...
 

Никој нема право да ни ја одземе иднината!

Граѓани за Европска Македонија е иницијатива која ја поттикнува јавната дискусија за проблемите и перспективите на Македонија и која го поддржува и го охрабрува граѓанскиот индивидуализам наместо сè поприсутниот колективизам.

Повеќе...
 


Страница 71 од 74

 

Вкупно поддржувачи - 5428.
  • 216 преку веб сајтот.
  • 3628 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1408 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]