Како да се чуе гласот на безгласните?

Жарко Трајаноски

Неодамнешниот мирен протест на група луѓе со попреченост беше одличен повод за проверка колку од новинар(к)ите го почитуваа етичкиот кодекс и овозможија „да се чуе гласот на безгласните“. На прсти можат да се избројат медиумите кои објавија најава за протестот. Со ретки исклучоци, медиумите го игнорираа соопштението за „Јавен собир на глуви и наглуви на Република Македонија“. Некои провладини медиуми воопшто не известуваа за протестот пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а некои известија само за министерската реакција на протестот.

01.10.2013

http://www.okno.mk/node/31758
 

Преживеале турско и каурско, ќе го преживеат ли ова античко невреме?

Бранко Героски

Претседателот наш, Ѓорге Иванов, со сопругата, пред некој ден го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Трескавец. Ден пред тоа, во манастирската црква се одржале три крштевки, први откако изгореа конаците во февруари. И синот на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, бил крстен, жив и здрав да биде. Вака нашата власт се потруди да се пофали дека води грижа за обновата на овој манастир. Двајца владици на МПЦ (Петар и Климент) директно „реферираа“ како напредува работата. Клучно беше да се каже дека сѐ е добро, благодарение на новоизградениот пат, долг неверојатни 7,5 километри..

29.09.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1035/Prezhiveale-tursko-i-kaursko-kje-go-prezhiveat-li-ova-antichko-nevreme
 

Заев и Шеќеринска, вие сте „предавници“ по дифолт!

Бранко Героски

Беше троа наивно, да не речам и инфантилно, да се верува во тезата дека „добрите“ Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, расположени за кафе, за дијалог и за компромиси со режимот на Груевски, ќе ја избегнат судбината да бидат прогласени за бедни експоненти на Бранко Црвенковски, за неморални ликови и секако, за грчки лобисти и предавници. Советите да се потрудат да ги игнорираат чувствителните теми (спорот за името) и дури и да ги поддржат „популарните“ преродбенички нарации за бракот и за злото на хомосексуалноста, на пример, се покажаа бескорисни. Двоецот на кормилото на СДСМ неминовно е изложен на столбот на срамот.

27.09.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1031/Zaev-i-Shekjerinska-vie-ste-predavnici-po-difolt
 

Македонија на Исток?!

Бранко Героски

Пред неколку години, слушнав една интересна анегдота, за некое Македонче што се иселило во Австралија, се вработило како таксист и по кусо време, добило отказ. Луѓето, зачудени од постапката на газдата, кој немал обичај да ги брка своите работници, го прашале: „Па добро, човеку, зошто го напуди Македончето? Тоа никогаш не доцни и вредно работи, за мали пари“. Газдата им одговорил: „Да, така е, но на сите муштерии, додека ги вози, им објаснува дека Русија, на крајот, сепак, ќе ја победи Америка“.

22.09.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1025/Makedonija-na-Istok
 

Сензационалистички полициски акции: „Тази апсење не е апсење“?

Жарко Трајаноски

Новинар(к)ите имаат етичка обврска разумно да постапуваат во случаи кога именуваат или известуваат за лица осомничени за кривични дела кога против нив сè уште не е покренато формално обвинение. Во нашата земја стана практика медиумите да објавуваат имиња, фотографии и видео материјали од уапсени лица, пред полицијата да поднесе кривична пријава за нив и пред судот да донесе одлука за отворање истрага и евентуално одредување мерка притвор.

24.09.2013

http://www.okno.mk/node/31758
 

Перископи без тела од бродови

Никола Гелевски

Има еден парадокс во актуелните идеолошко-политички борби во Македонија: малубројната проевропска и лева интелигенција од владеачката десница постојано е обвинувана за елитизам, за немање контакт со „базата“, дури и за презирање на сопствениот народ. Со оглед на тоа дека сум маркиран како дел од таа „предавничка“ интелигенција (што во нашиот контекст значи проевропска и критички расположена кон манипулативниот популизам на ВМРО) сведочам за тој факт: цели контејнери говор на омраза се истурени за да се разобличат „ненародните елементи“ кои се обидуваат да соопштат дека политиката на ДПМНЕ ја води земјата во катастрофа.

24.09.2013

http://www.okno.mk/node/31775
 

Перверзната верзија

Никола Гелевски

Милан Кангрга, неодамна починатиот значаен филозоф, имаше една интересна теза чија вистинитост, се чини, времето се’ повеќе ја потврдува: во Југославија речиси и не постоеше вистинска левица! „За да не се биде неправеден треба да се каже дека постоеја поединци и помали групи што беа ’лево ориентирани’. Но левица како некаква општествено-политичка сила никогаш немало! Трагедијата беше во тоа што таканареченото лево движење во ликот на една комунистичка партија до сржта беше натопено и многу длабоко формирано со сталинизмот. Сталинизмот, пак, историски и содржински, е најлоша можна десница, контрареволуција на дело, и теориски и практично.

17.09.2013

http://www.okno.mk/node/31600
 


Страница 8 од 74

 

Вкупно поддржувачи - 5428.
  • 216 преку веб сајтот.
  • 3628 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1408 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]