Доста е со плачки, ајде на работа!

Бранко Героски

Дечки, баталете филе – миле. Доста е со плачки. Не сме ние мирки – свирки. Не бидете калимеровци. Немало правда? Тоа го знаеме. А кога имало? Ако поплачеме, ќе ѓурне, како од славина? На евробирократите во Брисел полесно им е да се трудат да го омекнат режимот на Груевски, отколку да ни помагаат да се ослободиме од него. За нив е важно Македонија да биде стабилна. И да не ги боли главата. Нашиот режим тие го нарекуваат - стабилократија.

20.10.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1062/-Dosta-e-so-plachki-ajde-na-rabota
 

Три фрагменти за свињата

Никола Гелевски

На времето таинствено се шепотеше една впечатлива југословенска приказна, веројатно вистинита, од седумдесеттите години на минатиот век. Приказната тогаш зборуваше дека некои усташки кругови во Канада нашле некоја голема свиња и на неа со црвени букви напишале „Тито“. Таа приказна се шушкаше уште во социјализмот, а преживеа до денес.

18.10.2013

http://okno.mk/node/32385
 

Приватните писма и јавниот интерес

Жарко Трајаноски

Стории за писмото, проследени со бројни коментари и споделувања, беа објавени и на повеќе електронски и печатени медиуми ширум светот. Некои медиуми отворено ги повикаа читателите да го прочитаат личното писмо. Само сторијата на The Huffington Post „Grandfather Writes Letter To His Daughter After She Kicks Out His Gay Grandson“ забележа над 37 илјади споделувања и над 6 илјади коментари. Сторијата започнува со најголема пофалба за писателот на писмото: „This man may deserve to win “Grandfather Of The Year.”“

10.10.2013

http://okno.mk/node/32168
 

Што е „секс нормал“ во Македонија?

Бранко Героски

Кога пред петнаесеттина години познатиот македонски политичар Васил Тупурковски ја договори неговата историска зделка со Тајван, вредна една милијарда (долари ли беа?), делегација од македонски новинари замина во посета на таа земја, за да се осведочи дека приказната за „Цилевата милијарда“ не е бајка, туку реална перспектива за малата, напатена земја во срцето на Балканот. Како што е познато, авантурата на Тупурковски заврши неславно, но во тоа време, кога Циле беше коалициски партнер на Љубчо Георгиевски, не недостасуваа ентузијазам и спремност да се поверува дека нашата земја ќе се извлече од економската криза со еден, единствен, чудесен трик – ние ќе го признаеме Тајван (и го признавме, нели), а Тајван од оваа земја ќе направи економско чудо.

13.10.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1054/Shto-e-seks-normal-vo-Makedonija
 

И мене Грујо ќе ми даде значка!

Бранко Героски

Ако очекувавте во оваа колумна да го искоментирам настанот на неделата, обраќањето на премиерот Никола Груевски во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, ќе мора да ве разочарам. Не гледам сериозна причина да посветам внимание на неговиот емотивен настап и на неговата инфантилна порака дека „македонскиот народ никогаш нема да прифати преименување“. Би можел, се разбира, да прашам дали тоа значи дека македонската држава ќе прифати „преименување“, но тоа веќе би била една недозволена малициозност. Груевски има прилично јасна и крајно непродуктивна позиција во однос на спорот со Грција и навистина е непристојно да се измислуваат „нијанси“ во неговите пораки, какви што не постојат.

06.10.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1045/I-mene-Grujo-kje-mi-dade-znachka
 

Иднината на Европа – Џорџ Сорос

Иднината на Европа, говор на Џорџ Сорос на Глобалниот економски симпозиум, 1 октомври 2013 год., Кил, Германија.

Ќе применам холистички приод за иднината на Европа. Јас развив концептуална рамка која ме водеше во донесувањето одлуки низ целиот мој живот. Рамката е многу поширока од финансиските пазари; таа го опфаќа односот меѓу размислувањето и реалноста. Она што го усложнува овој однос е фактот дека мислите и дејствијата на учесниците се дел од реалноста за која тие мора да размислуваат. Нивното размислување има двојна функција: од една страна, тие се обидуваат да го разберат светот во кој живеат – тоа е когнитивната функција; од друга страна, тие сакаат да влијаат врз настаните во кои учествуваат - тоа е манипулативната функција. Двете функции влијаат една врз друга – јас тоа го нарекувам интерферентна рефлексивност.

Основниот постулат на мојата концептуална рамка е принципот на човечката несигурност, кој се темели на два идентични столба на грешење и рефлексивност. Како научен метод, принципот на човечката несигурност има далекусежни последици. Тој се применува само за општествени појави и согласно на тоа, прави разлика меѓу општествените и природните науки. Економската теорија се обидува да ги имитира природните науки, посебно њутоновата физика. Затоа, мојата концептуална рамка е директно спротивна на конвенционалните економски теории.

Разликите се посебно видливи во справувањето со финансиските проблеми генерално, и со еврокризата, конкретно. Конвенционалната економија ги следи безвременските и универзалните закони чијашто валидност може да се тестира преку упатување на факти. Јас тврдам дека фактите што ги произведуваат општествените процеси не се веродостоен критериум за утврдување на валидноста на теориите поради принципот на човечката несигурност. При тоа, јас не ја отфрлам можноста за воспоставување универзални и безвременски закони - принципот на човечката несигурност е еден од нив - но сметам дека таквите закони се премногу нејасни и општи за да бидат корисни во развивањето специфични предвидувања и објаснувања.

Повеќе...
 

Слободата е најголемата западна вредност

Никола Гелевски

Политичкиот врв во Македонија со помал или поголем интензитет со години вергла дека економското и културното втемелување на новиот општествен и државен поредок треба да се одвива според моделот на западната демократија. Во практиката гледаме нешто друго (демократските видици често завршуваат со бодлива жица - вели Орвел): една прилично гадна мешавина од авторитаризам, феудализам, првобитен капитализам и социјалистичка бирократизираност.

01.10.2013

http://www.okno.mk/node/31947
 


Страница 7 од 74

 

Вкупно поддржувачи - 5428.
  • 216 преку веб сајтот.
  • 3628 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1408 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]