СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

На 12.11.2009 Претседателот на Советот на општина Центар нè извести дека ја прифаќа нашата предлог иницијатива и дека собирањето на потребните 20% потписи од полнолетни жители на Oпштина Центар започнува истиот ден. При тоа Претседателот на Советот, намерно или ненамерно, не наведува пред кој државен орган треба да се собираат потписите, каде, односно во чии простории и кога.

Вчера, на 16.11.2009 во подрачната единица на Министерството за правда во Општина Центар, немаше отворен образец за собирање потписи за распишување задолжителен рефрендум на кој граѓанките и граѓаните би го кажале својот став за градењето верски објекти на Плоштадот Македонија.

Ние како иницијатори, неколку пати до сега укажувавме дека во вакви услови е теоретски и практично невозможно да се спроведе една ваква граѓанска иницијатива:
  1. Ни потрошија 6 од 30 дена за собирање потписи заради нивната неажурност и некоординираност. Веќе е јасно дека со недавањето соодветни и навремени информации намерно ја саботираат оваа иницијатива бидејќи се плашат од исходот;
  2. Институциите навремено да си ја завршеа работата и да го префрлеа избирачкиот список во ДИК сега немаше да дискутираме за простории, време и фер услови за спроведување граѓански иницијативи. Жртва сме (граѓанската иницијатива) на маѓепсан триаголник на неодговорноста меѓу ДИК, Министерство за правда и Советот на Oпштина Центар. Граѓаните не се должни да ги координираат институциите, а најчесто се изложени на озлогласената административна стратегија пинг-понг од шалтер до шалтер;
  3. Физички е невозможно во 30 дена од кои само 20 работни, во работно време да се соберат 8.800 потписи. Во Македонија е полесно да се соберат потписи за државен референдум и за кандидатура за претседател отколку за локален референдум. Законот за референдум не само што е лошо напишан (нејасен, недовршен, нелогичен, неусогласен со други закони, неусогласеност на локално и национално ниво) тој е и тешко применлив и целосно зависи од вољата на администрацијата
  4. ВМРО-НП имаат 3 месеци и 33 канцеларии за собирање 10.000 потписи, Министерот за правда преку телевизии ги информира за процедурата и се потпишуваат без лични карти;
  5. Доколку Советот го следеше автентичното толкување за собирање на иницијалните 100 потписи за Предлог иницијатива на државно ниво, го прашуваме зошто не ја следи практиката на спроведување на иницијативи на државно ниво во делот на обезбедување услови за собирање потписи пред да започне самото официјално собирање на потписи?
  6. Во Македонија може да функционираат само октроирани референдуми. Кога Премиерот сака референдум - си го добива, кога граѓаните сакаат - тогаш не може. Повторно се зависи од партиската воља;

Бараме институциите да ни излезат во пресрет и да отворат повеќе собирни пунктови во урбаните заедници низ општината кои ќе работат после 16 часот, исто така бараме рокот од 30 дена да се брои почнувајќи од денот кога ќе бидат обезбедени сите услови, сè со цел остварување на фундаменталното демократско право за учество на граѓаните во донесувањето на одлуките.


Со почит,
Плоштад Слобода    
Граѓани за Европска Македонија
 

ГЕМ во Велес : Ни треба жесток демократски притисок за влез во ЕУ

gem Проевропската ориентација е најпатриотската опција за Македонија. Ова е еден од заклучоците на минатонеделната трибина, која во организација на граѓанската иницијатива „Граѓани за Eвропска Македонија“, се одржа во Велес, на 6 ноември 2009 година. Бранко Героски, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец на трибината разговараа со велешани за предизвиците кои ја очекуваат Република Македонија пред декемвриската одлука на Советот на министри на ЕУ.
Повеќе...
 

Наградени разгледници

На 29ти Октомври во културниот центар Точка се одржа промоција на наградените графички решенија од конкурсот за разгледници од Скопје, кој го распиша ОКНО во сораборка со ФИООМ. На конкурсот учествуваа 21 автор со над 70 графички решенија со мотив плоштад “Македонија”. Во оваа прилика ви ги претставуваме шестте наградени труда, а останатите можете да ги погледнете на online галеријата на Окно

Клик за поголема верзија
Клик за поголема верзија
Клик за поголема верзија
Клик за поголема верзија
Клик за поголема верзија
Клик за поголема верзија
 

ГЕМ во Тетово

Македонија нема сила за уште едно НЕ


gem1

Со идеја да ги поттикнат граѓаните да демонстрираат нагласено критичко мислење и да конституираат жесток демократски притисок врз Владата, а се со цел побрзо да влеземе во Европската унија, граѓанската иницијатива „Граѓани за Eвропска Македонија“, минатата недела, на 30 октомври 2009 година, во салата на општина Тетово, организираше трибина на која се разговараше за предизвиците на Република Македонија, пред декемвриската одлука на Советот на министри на ЕУ, за датумот за почеток на преговори.

Повеќе...
 

ГЕМ ја поздравува препораката на Европската комисија

Иницијативата Граѓани за европска Македонија ја поздравува препораката на Европската комисија Република Македонија да ги почне пристапните преговори за членство во Европската Унија. Четири години по добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година – долги четири години бавен напредок, самоизолација и авантуристичка потрагата по алтернативни патишта за магистралата што води кон Европа - нашите европски пријатели одлучија на Владата во Скопје да и дадат нов, силен поттик да ги исполни последните обврски, пред финалната политичка одлука на Советот на министри на ЕУ дали уште сега, во декември, ќе го определи датумот за почеток на преговорите. Без таква одлука, за жал, препораката на Европска комисија ќе остане само еден получекор, една несомнено значајна секвенца од нашата понова историја, која ќе не потсетува на пропуштената историска шанса.
Повеќе...
 

Собирање на 100 потписи за иницијативата за референдум за верски објекти на Плоштад Македонија

Драги пријатели,

Конечно ги пребродивме правните лавиринти и од идната недела одново почнуваме со собирањето на иницијалните 100 потписи за иницијативата за референдум за верските објекти на Плоштад Македонија. Би сакале да ве известиме дека вашиот потпис, доколку сте жители на општина Центар, можете да го дадете секој работен ден од следниот понеделник, 19-ти Октомври во подрачната единица на Министерството за Правда во Општина Центар (види мапа) од 8.30 до 16.30 часот.


Срдечен поздрав,

Плоштад Слобода
Граѓани за Европска Македонија

image001
 


Лист 7 од 12

 

Вкупно поддржувачи - 3707.
  • 139 преку веб сајтот.
  • 2010 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1382 членови на facebook

 

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]


Најави

ХОРИЗОНТ МАКЕДОНИЈА организира прес-конференција вo вторник, 7 септември 2010 година, со почеток во 12.30 часот во ГЕМ КЛУБОТ (Стара скопска чаршија, над Менада), на тема “И корисниците на социјална помош имаат право на живот”.

Повод за средба со новинарите е најавата на ГОЛЕМ ПРОТЕСТ НА СОЦИЈАЛЦИТЕ, како и освртот на барањето на Хоризонт за изготвување на Предлог закон за измени и дополнување на Законот за социјална заштита.