Да го одбраниме правото на Влатко Ѓорчев да зборува

Бранко Героски

Нервозата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ мора да е многу голема, штом министерот Зоран Ставрески, според сведочењето на еден пратеник, остро го замолчал пратеникот Влатко Ѓорчев, кој, пак, ја бранел политиката на владата во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

24.11.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1108/Da-go-odbranime-pravoto-na-Vlatko-Gjorchev-da-zboruva
 

Како да се излезе од меката деспотија

Никола Гелевски

Со суптилност на друмски разбојници „преродбениците“ јавната сцена ја претворија во машина за магла. Ја претворија во некаква гротескна машинерија како произлезена од лабораторијата на Руб Голдберг или професор Балтазар: комбинација од машина за магла, касарнска труба и проточен бојлер - тоа е македонската јавна сцена денес.

03.12.2013

http://okno.mk/node/33602
 

Што значеше истрелот на Гаврило Принцип?

Никола Гелевски

Следната година се одбележува стогодишнината од Првата светска војна. Во Европа и оваа 2013 година мошне интензивно се пишува и полемизира за настаните од пред сто години. Во нашиот регион во фокус е улогата на групата „Млада Босна“ и на нејзиниот член, Гаврило Принцип, атентаторот врз австроунгарскиот престолонаследник Фердинанд. Се разбира, и во новиот свет, по две светски војни, по десетици милиони убиени луѓе, по сто години дистанца, сеуште се поделени мислењата за тогашните настани. Дали навистина истрелот на Принцип ја придвижи големата кланица? Дали младите револуционери биле терористи?

26.11.2013

http://okno.mk/node/33402
 

Сите би го смениле името, а само Геро е предавник?!

Бранко Героски

Читам, Киро Глигоров го прифатил предлогот на Милошевиќ „Славјанска Република Македонија“. Стојан Андов демек не знаел дека тоа е формален предлог. И бил против. Колку што можел да биде. Подоцна, Глигоров јавно го прифати предлогот „Република Македонија (Скопје)“. Во парламентот кажа дека тоа во заградата не значело ништо.

21.11.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1103/Site-bi-go-smenile-imeto-a-samo-Gero-e-predavnik
 

Груевизмот како фашизам и комунизам во едно?

Никола Гелевски

Кој предизвикал поголемо зло, комунизмот или фашизмот/нацизмот? Дали можат да се поистоветуваат комунизмот и фашизмот/нацизмот? Дали Европа е изворот на најстрашните политички процеси во 20 век? Дали колонијализмот е предвесник и исто толкаво зло како фашизмот и комунизмот? За сите овие важни прашања мошне интензивно се дебатира последниве децении.

19.11.2013

http://okno.mk/node/33223
 

Кој решава дали и каде изгрева Сонцето – Груевски или Заев?

Бранко Героски

Кога пред некој ден, на насловната страница на „Слободен печат“, Никола Груевски го „насликавме“ како Кралот Сонце (Луј Четиринаесетти), поттикнати од онаа негова веќе легендарна изјава за Сонцето што ќе изгрее во декември „со или без датум“, помислив дека претеруваме. Не дека неговото височество не може да издржи критика во форма на една духовита фотомонтажа (патем речено, да не чуе ѓаволот, своевремено газда Велија ме смени од кормилото на „Шпиц“ баш после една таква фотомонтажа). Едноставно, си реков дека сепак не е можно опсесијата на нашиот Николуј со моќта да ја надминала нејзината планетарна димензија и да цели амбициозно кон пошироката околина, имено кон центарот на оваа констелација на небески тела чиј дел е и нашава планета на која сме приковани.

16.11.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1092/Koj-reshava-dali-i-kade-izgreva-Sonceto--Gruevski-ili-Zaev
 

Опозицијо, гласај за буџетот, да не јадеш пак ќотек!

Бранко Героски

Вака или онака, опозицијата, која, како што прочитав некаде, е во успешна потрага по Г-точката на Македонците, очигледно заборавила на настаните од ланскиот 24 декември. На оргазмичкиот напредок дестимулативно делува сеќавањето на насилството во парламентот, на пробивањето на полицискиот кордон, на протестите на кои ја пеевме „О бела чао...“

14.11.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1088/Opozicijo-glasaj-za-bugzetot-da-ne-jadesh-pak-kjotek
 


Страница 5 од 74

 

Вкупно поддржувачи - 5428.
  • 216 преку веб сајтот.
  • 3628 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1408 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]