„Скопје 2014“ како „вијагра“

Бранко Героски

Не знам зошто му се потсмевате на порталот на македонските иселеници во Австралија, „Фаланга“, кој тврди дека проектот „Скопје 2014“ е модерен култ и тајна на една цивилизациска мистерија. Погледнете ги нашиве локални апологети на овој проект и веднаш ќе сфатите дека луѓето од „Фаланга“ се во право кога велат дека „окултниот симбол е талисманот, а најсилниот талисман е скулптурата“. Јас би додал дека „Скопје 2014“ е баш иљач за еректилната дисфункција на вмровската елита, нешто како „вијагра форте“, идеја што ѝ помага да се дигне, интелектуално да набрекне и идејно да ја оплоди нацијата.

03.01.2014

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1208/Skopje-2014-kako-vijagra
 

Срцето на анакондата

Мерсел Биљали

Една стара кинеска приказна почнува како некое сиромашно дете со име Сјао Ли, живеело без родители и во многу тешки услови. Со помош на добри луѓе, некако преживеало, па дури посетувало и школо. Еден ден, враќајќи се од училиште, видело големо јајце од анаконда. Го однело дома и со големо внимание се грижело, се додека од него не излегла голема змија. Ја негувал, ја хранел, ја чистел, а таа возвраќала со голема љубов.

30.12.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1199/Srceto-na-anakondata
 

Соколи со цокули

Никола Гелевски

Дали случајот Македонија станува лудачки занимлив или занимливо лудачки?! Обично Тричковски во своите колумни нуди одговори на ваквите дилеми. Нам, кои се крчкаме под задушливото стаклено ѕвоно, светот однадвор може да ни изгледа лудачки занимлив (се сеќавате на филмот „Total Recаll“ - потрагата на Шварценегер по сопствената меморија - кога целана чудна, хибридна човечка менажерија на крајот од филмот почна да се задушува, во недостиг од воздух?!). На набљудувачите кои нѐ гледаат и на кои полека почнува да им станува досадно, островот Македонија (кој се отцепува од брегот и запловува, како во оној друг балкански филм) им изгледа само занимливо лудачки, оти тие, па и во однос на целиот Балкан, ја надминаа фазата на „лудачки занимливо“.

27.12.2013

http://okno.mk/node/34250
 

Макартиевско шоу

Бранко Героски

Причината поради кој Владимир Милчин и јас бевме повикани од страна на ВМРО-ДПМНЕ на надзорната расправа во парламентот е провидна. Груевци се обидуваат својата огромна, историска вина за затворањето политичари и новинари и за загрозувањето на слободата на изразувањето, да ја отфрли со замена на тези.

14.12.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1159/Makartievsko-shou
 

Долно, подолно не може да биде!

Бранко Героски

Вознемирен од веста дека осумдесетгодишен гевгеличанец бил натепан затоа што на насловната страница во „Слободен печат“ е објавена фотографија на која тој се поздравува со Зоран Заев, уште прексиноќа најавив дека итно ќе разговараме со жртвата и ќе бараме случајот детално да се расчисти. И ете, случајот вчера изутрина го „расчистивме“ побрзо одошто се надевавме. По неколку обиди, успеавме да стапиме во контакт со гевгеличанецот, кој ни појасни дека навистина бил нападнат, но дека нападот не бил страшен и дека сето тоа не е за објавување. Случајот никаде не е пријавен, а за него не знаеле ниту гевгелиските социјалдемократи.

13.12.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1154/Dolno-podolno-ne-mozhe-da-bide
 

Не ви е ли срам за еден глупав споменик да се крвиме?

Бранко Героски

Веќе деценија и половина, голем дел од годината, живеам во Долна Матка. Запознав матчани, глумовци, шишевци, луѓе од Грчец и од многу други села во општина Сарај. Луѓе како луѓе, секаде ги има секакви. Но, факт е дека во Сарај се живее спокојно. Повремено има нервоза, но јас барем не паметам сериозни меѓуетнички инциденти. Дури и војната во 2001 година ја протеравме мирно, со многу страв, но без капка пролеана крв.

12.12.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1149/Ne-vi-e-li-sram-za-eden-glupav-spomenik-da-se-krvime
 

Ќенеф Унтер ден Линден

Бранко Героски

Знаете ли зошто се садени липите во Скопје? Според нашиот драматург Брацо Димитров, „за да се неутрализира реата од ќенефите со миризбите на липите, зашто комунистите не граделе канализации“. Комунистите и Швабите. Не е баш случајно тоа што една од најубавите улици во Берлин, изградена уште во 16 век, се вика како и насловот на оваа белешка – во превод: Под липите. Многу години подоцна, под липите и во задушливата реа на берлинските ќенефи, ќе маршира и Фирерот.

11.12.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1145/Kjenef-Unter-den-Linden-
 


Страница 3 од 74

 

Вкупно поддржувачи - 5428.
  • 216 преку веб сајтот.
  • 3628 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1408 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]