Насловна ГЕМ Клуб Користење на ГЕМ клубот

Користење на просторот на ГЕМ клубот

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) е корисник на простор од околу 200м2 на адреса ул. „Караорман“ бб во Скопје, првиот кат од локалот „Менада“, за потребите на концептот Зајакнување и мобилизација на граѓаните. Примарна намена на просторот (ГЕМ клуб) е да одговори на потребите на активните субјекти од граѓанскиот сектор и тие да можат непречено да ги реализирааат своите активности, но и да учестувааат во креирање и реализација на здружени одговори на предизвиците кои се резултат од назадувањето на демократијата и демократските процеси во општеството.

Непрофитините организации, физичките лица и граѓанските иницијативи чии активности се во согласнасност со основната намена на просторот имаат повластена цена за користење. Профитните организации, институциите или други заинтересирани субјекти можат да го користат просторот доколку настаните не се во спротивност со стратешките определби на ФООМ, доколку има слободни термини и доколку се спремни да ја платат редовната цена за користење на просторот.

За користење на просторот се поднесува барање на електронската адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или писмено во ГЕМ клубот. Во најкраток можен рок ќе ве контактираме според податоците наведени во барањето.

Редовна цена за користење на просторот е 3000 денари до три часа, или 9000 денари за еден ден.

 

Контакт: 
Клуб на Граѓани за европска Македонија (ГЕМ клуб)
тел. (02) 3224 701, 070 212 182 
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите