Писмо до Комитетот

Почитувани,

Во четвртокот по којзнае кој пат демонстриравте целосно неразбирање на демократијата како систем. Како партија на власт во една формално демократска земја, повторно покажавте дека ни пет пари не давате за вашата одговорност да креирате и негувате демократски амбиент. Спротивно на тоа, вие по којзнае кој пат излеговте со списочињата в раце и со едно филмче кое требаше да докаже нешто конспиративно. А што тоа? Дека некои луѓе биле таму кај што претходно соопштиле дека ќе бидат! Ние разбираме дека правењето списоци за ликвидација има длабоки историски корени во вашата партија, уште од нејзиното формирање. Jа разбираме и најновата тоталитарна забава што ја пронајдовте неодамна, а се сведува на препораката како да се гледаат или читаат медиумите, а еве сега, и како да се сфаќаат некои личности на јавната сцена. Како сте тргнале, изгледа ќе завршите со препораки какви тапети и пердиња е пожелно граѓанинот да има во својата дневна соба и што да купи за јадење...

 

Интервју со Жарко Трајаноски за Шпиц

Триумфалната капија триумф на урбаната мафија

ZT-Spic-naslovnaКлучното прашање е сега кој ќе ја понесе одговорноста за дивоградбите по одлуката на Уставниот суд. Некој мора и кривично да одговара за противзаконското работење со кое се нанесоа огромни финансиски и други штети. Исто така, кривично треба да одговараат и сите оние што нема да ја извршат одлуката на Уставниот суд. Кривичниот законик вели дека оној што ќе одбие да изврши одлука на уставниот суд, ќе се казни со затвор од една до пет години.

 

Повеќе...
 

Трибина на ГЕМ во Куманово

Народот е охрабрен во борбата против фараонската политика на Груевски

Прв дел

Втор дел

Власта води конфузна политика во спорот со Грција, а различните изјави на државниците пред македонската и меѓународната јавност само ја покажуваат желбата на власта Македонија никогаш да не влезе во ЕУ и НАТО. Ова се дел од заклучоците на трибината „Можеме ли во ЕУ и НАТО без компромис?“ во организација на иницијативата „Граѓани за европска Македонија“, одржана на 29-ти јуни во Куманово.

Повеќе...
 

Говор на Жарко Трајаноски на митингот на опозицијата

Добровечер храбри и горди граѓанки и граѓани на Македонија,
Добровечер Граѓани на Европска Македонија,

Над 50 здруженија и 16 политички партии застанаа зад Декларацијата за Македонија во ЕУ и НАТО која ние ја инициравме. Владејачките партии не ја потпишаа декларацијата. Груевски јавно излажа дека не добил покана. Зар тие што водеа кампања за Македонија како „земја на информатичари“ не знаат да си ги отворат електронските сандачиња?

Лани и годинава, ГЕМ оддржа триесетина трибини ширум Македонија. Неколку илјади граѓани ја споделија нашата загриженост за европската перспектива која е загрозена од антиевропските политики на власта. Ние, иницијаторите на ГЕМ, сметавме дека веќе не смее да се молчи. Не сакавме спокојно и во папучи да гледаме како власта го манипулира народот. Не сакавме повеќе да гледаме како груевистите шират страв, малодушност и теории на заговор против нашите пријатели од ЕУ и НАТО.
Повеќе...
 

Трибина на ГЕМ во Битола

Влезот во ЕУ и НАТО од витален интерес за Македонија

Иницијативата Граѓани за европска Македонија, ја продолжи серијата трибини „Можеме ли во ЕУ и НАТО без компромис?“. На трибината одржана на 23 јуни, во Битола, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски и Лидија Димова повторно ја актуелизираа дебатата за евроинтеграциите. Според нив, иако влезот во ЕУ и НАТО е витален интерес на Македонија, сепак граѓаните се длабоко изманипулирани дека државава може да стане членка на ЕУ и НАТО, без претходен компромис за името.
Повеќе...
 


Лист 1 од 12

 

Вкупно поддржувачи - 3700.
  • 139 преку веб сајтот.
  • 2010 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1375 членови на facebook

 

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]